x

Тест на размонтирање: Како помина третата генерација iPhone?

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 22 Март, 2022 од GSM.mk

Добро познатиот YouTube канал PKBreviews го расклопи новиот iPhone SE на сите составни делови и ја оцени можноста за поправка со 5,5 од максимални 10 поени.

Една од важните работи за сите нови телефони е можноста за поправка, па затоа не е чудно што пред купување нов телефон обрнуваме внимание на тоа колку е лесно да се замени дел во случај на несреќа.

5,5 од 10

Од максимални 10 поени, новиот iPhone SE доби преодна оценка 5,5, што значи дека нема многу добри вести во случај да ви падне или случајно биде прегазен. На пример, камерите на iPhone 12 и 13 се составен дел од задниот дел, па иронично е што е поевтино да се замени екранот и батеријата на вашиот iPhone отколку да се смени задната страна.

Третата генерација на Apple iPhone SE се отвора со едноставно загревање на лепилото околу екранот и туркање на пластичната картичка помеѓу рамката и екранот, така што лепилото се одвојува помеѓу двете површини. Ако успешно го откачите екранот, останатото не е толку комплицирано, бидејќи сепак ќе ви треба шрафцигер и малку алкохол за да ја замените батеријата.

Слични, но различни

Ако го споредите новиот iPhone SE со претходниот модел, ќе забележите дека повеќето делови се речиси идентични. Како што обично сака да прави Apple, деловите не се компатибилни, бидејќи обично се малку потесни, пошироки, потенки или подебели, со конектори кои се различни за милиметар, за да не ви падне на памет да префрлите дел од вашиот стар телефон на новиот или обратно.

Новиот iPhone доби најлоша оцена поради комплицираниот процес на отворање, замена на батеријата и сложеноста на замена на други делови.

Не можеме да кажеме дека сме љубители на оваа политика, иако несомнено носи поголем профит за Apple. Самиот факт што еден од инженерите се занимава со дизајнирање на делови кои се намерно некомпатибилни, иако во суштина се исти - е погрешен на многу нивоа.

Погледнете го видеото и проценете сами колку е лесно да замените што било на новиот модел на iPhone SE.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.