x

Тестирање на 108 мегапикселна камера: Дали вреди?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Декември, 2019 од GSM.mk

Samsung неодамна најави дека еден од очекуваните смартфони ќе има 108 мегапикселна камера, а Xiaomi веќе има претставено таков уред на пазарот. Но, која е всушност корисноста на камера со волкава резолуција?

Најпрво, да се прашаме: Што највеќе бараат корисниците од камерите? Одговорот, според наше мислење е: камера која е брза, нуди добар квалитет и и прави добри слики и видеа при било какви услови. Дали камерата на Xiaomi нуди вакви карактеристики?

Почнувајќи од брзината, камерата на Mi Note 10 дефинитивно не е спора, но не е ниту една од најбрзите кои се достапни. Доколку не се користи подолг период, тогаш потребни се неколку секунди да се вклучи. Правењето обични слики од 27 мегапиксели е едноставно, но доколку треба да се премине од слика на видео е потребно повеќе време. Секако, тука може да има влијание и процесорот на телефонот - Snapdragon 730G.

Како што спомнавме погоре, камерата од 108 мегапиксели користи технологија која спојува 4 пиксели во еден и затоа сликите се смета дека имаат резолуција од 27 мегапиксели. Може да се прават и слики од 108 мегапиксели, бидејќи има таква опција. Но, доколку направите 108 мегапикселна слика апликацијата може да се исклучи, или пак да престане да работи. 

Добрите вести се што во повеќето случаи сликите се добри - не толку добри колку што би очекувале од толкава резолуција, но дефинитивно солидни. Во споредба со слики направени со Note 10 и iPhone 11, фотографиите на Mi Note 10 беа почисти и со повеќе детали. 

И при потемни услови ситуацијата е иста - Mi Note 10 нуди поголем квалитет.

Вака изгледа слика направена користејќи ја целата резолуција од 108 мегапиксели

Mi Note 10 (лево) vs iPhone 11 (десно) 


Крајниот заклучок е дека камерата од 108 мегапиксели звучи неверојатно и дефинитивно нуди повисок квалитет, но за нејзино ултимативно користење потребно е сите перформанси и внатрешни каратеристики на уредот да бидат моќни и од врвен квалитет.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.