x

TikTok останува во САД, но под целосна контрола на Американците

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Септември, 2020 од GSM.mk

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри договор што ќе овозможи апликацијата TikTok да продолжи да се користи во САД, благодарение на новата компанија TikTok Global со која ќе управуваат Американци.

Трамп изјави дека го одобрил договорот меѓу компаниите Oracle и TikTok во кој може да се вклучи и Wallmart, пренесува лондонски Guardian.

Тој рече дека договорот гарантира „стопроцентна безбедност“, откако американските власти изразија загриженост околу пристапот до податоците на корисниците од страна на кинеските власти.

Новата компанија TikTok Global ќе има мнозинство американски директори, американски извршен директор и експерт за безбедност.


Трамп рече дека TikTok Global ќе биде целосно контролиран од компаниите Oracle и Wallmart, а седиштето ќе биде во Тексас.

Компанијата, наводно, се согласила да донира 4,2 милијарди евра во фондот за образование во САД.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.