x

Tim Cook: Новите iPhone модели се наменети за сечиј буџет!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Септември, 2018 од GSM.mk

Во интервју за Nikkei, извршниот директор на Apple, Tim Cook, ја објасни логиката позади цените на новите iPhone модели..

Официјално, цената на iPhone уредите започнува од 449 долари. Но, доколку корисниците сакаат некој од новите iPhone модели, цените се движат меѓу 749 и 1,449 долари. Во некои делови од Европа, минимумот е дури 1000 долари, а најскапиот достигнува цена до 2000 долари. 

Во интревјуто за Nikkei, Tim Cook ја објасни логиката позади овие цени, како и причината за претставувањето на iPhone XS Max и the iPhone XR. Според извршниот директор, Apple знае дека постои "голема низа на цени кои корисниците би платиле за iPhone уред". Токму поради тоа, целта на компанијата е да им служи на сите, нешто што го постигнува со нудење на iPhone 7 по цена од 449 долари и минатогодишниот iPhone 8 по цена од 599 долари. 

Покрај тоа, комапанијата е свесна дека постојат корисниците кои сакаат да го доживеат "iPhone X искуството" по пониска цена - причината позади постоењето на iPhone XR. Иако уредот не е еднакво моќен како iPhone XS, доаѓа со новиот A12 Bionic и all-screen дизајн. Покрај тоа, со цел да привлече уште повеќе корисници, доаѓа во низа нови бои.

Во однос на постоењето на iPhone XS, главната причина позади неговата креација и разликата со оригинaлниот iPhone X е иновацијата. Според Cook, постои голема група на луѓе кои се подготвени да платат за промените кои ги нуди новиот уред. Истовремено, iPhone Xs Max е наменет за истите луѓе кои сакаат поголем екран. 

Последно, Tim Cook изјави дека комапнијата е свесна дека "улогата на iPhone уредите има се поголемо влијание врз животот на луѓето". 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.