x

Tinder за животни: Нова апликација наменета за фармерите!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Февруари, 2019 од GSM.mk

Веќе подолго време постојат низа апликации, како Tinder, кои им помагаат на луѓето во потрага по љубов. Сега, ваква апликација постои и за животните..

Станува збор за “Tudder” - комбинација од Tinder и животни. Имено, апликацијата им овозможува на фармерите да разгчедуваат слики од други животни и да го најдат соврешниот пар за своето домашно животно. "Љубовното спојување" завршува со купување на одбраното животно.

Според изјавата на еден фармер кој ја користи апликацијата "Нема ништо поубаво од разгледување слики онлајн од домашни животни во своите животни услови.. Доколку на некој му се допаѓа одредена фотографија, може да договори состанок, да го види животното во живо и да одлучи што понатаму". 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.