x

Toyota AE86 и уште четири нови автомобили во последниот апдејт на Gran Turismo Sport

Категорија: Забава Објавено на 28 Април, 2019 од GSM.mk

Популарната видеоигра на Sony, „Gran Turismo“ доби голем број фанови во изминатите 20 години. Нејзината најнова верзија, наречена „Gran Turismo Sport“, пристигна на конзолата PS4 пред 18 месеци, а со новите апдејти постојано добиваме различни изненадувања

Овојпат играта е освежена со неколку нови автомобили и патеки, за дополнително уживање на фановите. Исклучително важен додаток во новиот апдејт е Toyota Sprinter Trueno AE86, еден од фаворитите на автомобилските љубители на азискиот континент.

Покрај моделот на Toyota, со новиот апдејт се достапни и автомобилите Honda Fit Hybrid, Porsche 962C, Audi TT и Renault R8 Gordini.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.