x

Трејлерот за Call of Duty: Modern Warfare II ги воодушеви обожавателите на FPS

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 16 Јуни, 2022 од GSM.mk

„Call of Duty“ пред неколку дена ја имаше светската премиера на гејмплејот на новото продолжение „Modern Warfare II“, а судејќи според реакциите на љубителите на оваа FPS игра, таа се враќа на патот на старата слава.

По неуспехот на „Vanguard“ и другите серијали, кои не ѝ донесоа ништо добро на компанијата Activision, се чини дека „Modern Warfare II“, која излегува на 28 октомври и која е продолжение на успешната „Modern Warfare“ од 2019 година, ќе биде пресвртница и враќање на старите патеки.

Во објавениот трејлер Task Force 141, направен со веќе познати ликови, претставени се само дел од мисиите кои се реализираат на копно, во воздух, под вода, но и ноќе.

Секако, нема потреба да се зборува за квалитетот на трејлерот, а судејќи според реакциите на љубителите на овој FPS, дури и игрицата да ги содржи истите квалитети, сигурно ќе биде ремек дело на тимот што работеше на неа. Покрај продолжението на „Modern Warfare“, се работи и на продолжението на „Warezone 2“.

„Единствената игрица на која се радувам од 2019 година“, „Ми се допаѓа што изгледа носталгично, но и освежено и ново...“, „Едвај ја чекам оваа игрица“, „Возбуден сум што се враќаме во ерата на 'Modern Warfare'. Едвај чекам“, „Повторно гледајќи ги Soap и Price ми доаѓа да заплачам“, се само дел од коментарите.

Погледнете го трејлерот во прилог, а на 28 октомври игрицата, која веќе е во претпродажба, ќе биде достапна на PlayStation 5 и 4, Xbox Series X/S, Xbox One и Strama и Battle.net за компјутери.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.