x

Трејлерот за играта The Witcher 3 ја покажа новата next-gen графика

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 28 Ноември, 2022 од GSM.mk

Погледнете како изгледа бесплатната надградба на играта The Witcher 3, која ја доближува графиката на играта до новата генерација на конзоли.

CD Projekt Red конечно објави трејлер и му покажа на светот како ќе изгледа next-gen изданието на The Witcher 3: Wild Hunt. Ремастерираниот акционен RPG изгледа подобро од кога било благодарение на подеталните модели - со 4K текстури – светлосните ефекти Ray Tracing и други козметички подобрувања.

Рефлексиите во водата ќе бидат појасни додека играчите го водат Гералт низ поубав, но не помалку мрачен свет, и иако визуелните разлики не се баш ден и ноќ, според трејлерот, навистина можеме да видиме дека ажурираното издание изгледа подобро од оригиналот од 2015 година. Промените се дефинитивно добредојдени ако се чувтсвувавте дека еден од најпопуларните наслови полека го гази времето.


Ажурирањето носи и одредени промени во гејмплејот, снимање на напредокот во „облакот“ и нова содржина инспирирана од серијата The Witcher на Netflix, од каде наскоро заминува Хенри Кавил.

Ова ажурирање на играта не е продолжение или римејк, туку едноставно бесплатно ажурирање што ќе ја доближи веќе застарената игра до конзолите од новата генерација и ќе донесе дополнителна свежина за да ве заинтересира уште еднаш (или првпат) да влезете во улогата на популарниот Гералт пред да пристигне римејкот на првата игра, а потоа и нова трилогија. Ажурирањето пристигнува на 14 декември за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.