x

Три нови Pokemon видео игри пристигнуваат до крајот на 2019 година

Категорија: Забава Објавено на 31 Мај, 2018 од GSM.mk

Вчера излезе новата Pokémon игра за Nintendo Switch, наречена „Pokémon Quest“, но студиото Game Breaker најави дека до крајот на годината ќе излезат уште две, додека наредната, наречена „клучна“ Pokémon игра би требало да излезе во текот на 2019 година.

Насловот на играта која треба да излезе во 2019 година останува непознат, но сите од компанијата потврдија дека веќе работат на неа.

Цунекази Ишихара, претседателот на Pokémon Company, вети дека „револуционерна RPG игра“ ќе излезе од студиото Game Freak уште минатата година. Засега има многу малку детали, недоволно да се открие за што точно се работи, но од Pokémon Company се уверени дека играта ќе биде нов хит на пазарот.

Играта ќе биде достапна примарно за Nintendo Switch, но од Pokémon Company не сакаа да негираат дека понатаму таа може да пристигне и за други конзоли. Двете игри од серијалот „Let’s Go“ повеќе претставуваат експанзии отколку самостојни игри, но затоа новата игра која ќе излезе следната година ќе функционира засебно, самата по себе.

Последната хит игра која излезе од ова студио беше „Pokémon GO“, но од компанијата се надеваат дека новата игра ќе успее да ги сруши рекордите кои ги постави „GO“ и да се наметне како најсериозен конкурент за една од најдобрите игри за конзолата Switch.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.