x

Три причини зошто треба да ја избришете апликацијата Google Photos

Категорија: Совети Објавено на 16 Септември, 2021 од GSM.mk

Стручњакот за сајбер и надзор Зек Дофман за Forbes наведе три причини зошто корисниците на iPhone треба да ја избришат оваа апликација.

Прво, со користење на Google Photos значи дека на платформата ѝ давате пристап до вашите фотографии. Аpple има нова алатка за заштита на приватноста во својата апликација за фотографии, но кога станува збор за Google Photos оваа апликација не го прифаќа тоа и ќе инсистира да дадете пристап до сè ако сакате да ја користите апликацијата.

Ознаката за приватност е уште една причина за да ја избегнувате оваа апликација. Тука се открива колку податоци можат да се соберат за вас доколку ја користите оваа апликација.

Податоците кои ги собира Google Photos може да ја вклучуваат локацијата, историјата на пребарување и историјата на купување.

Третиот и последен проблем е употребата на вештачка интелигенција во „облакот“ на фотографии на корисниците.  Поради користење на cloud технологијата, вашите фотографии и податоци се чуваат во некој друг компјутер.

Стручњакот заклучи дека корисниците на Apple треба да ја користат приватноста која ја постави Apple и да не ја преземаат Google Photos и покрај предностите.


Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.