x

Три причини зошто Viber е најбезбедна апликација за комуникација

Категорија: Занимливости Објавено на 19 Април, 2018 од GSM.mk

По скандалот на Facebook и Кембриџ аналитика со недозволеното користење лични податоци, другите социјални мрежи и апликации наоѓаат начини да ги осигураат своите корисници и да ја задржат нивната доверба.

Viber, една од најпопуларните апликации за онлајн повици и инстант пораки, испрати известување за бебедноста до своите корисници.

„Имајќи ги предвид неодамнешните случувања во врска со безбедноста на социјалните мрежи, ве потсетуваме зошто Viber е најсигурната апликација за праќање пораки“, стои во соопштението.

Од платформата во сопственост на јапонската компанија Rakuten наведуваат три причини:

„Viber не може да чита или прислушува ниту еден разговор или повик, благодарение на обостраното шифрирање. Во секое време можете да ги избришете вашите веќе пратени пораки од телефонот на примателот. Има опција за праќање на пораки со ограничено траење во тајни раговори.“

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.