x

Трикови за iOS 14: Како да ставите повеќе фото виџети на вашиот iPhone?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 21 Септември, 2020 од GSM.mk

Apple изминатата недела го пушти новиот iOS 14 софтвер на сите поддржани iPhone уреди.

Ажурирањето го добија сите iPhone телефони кои го поддржуваа и iOS 13. Тоа значи дека и iPhone SE, кој е стар повеќе од четири години, го доби најновиот софтвер, како и iPhone 6S и неговата серија, која во моментов е постара од пет години.

Еден од новитетите на iOS 14 е што можете да додавате фото виџети на вашиот iPhone дисплеј. Но, за да ставите повеќе фото виџети ќе ви треба уште една апликација.

Симнете ја апликацијатаWidgetsmith и ќе можете да ставате фото виџети по ваш избор на почетниот екран во различни димензии.

Погледнете го видеото за подетални инструкции:


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.