x

Трошоците за iPhone апликации се 10 пати поголеми, од оние за Android

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 01 Јуни, 2018 од GSM.mk

Интересни резултати ни доаѓаат од истражувањето за продажба на мобилни апликации, објавено од истражувачката компанија Morgan Stanley Research - особено за двете најпопуларни онлајн продавници App Store и Google Play.

Излегува дека сопствениците на iPhone уреди трошат 10 пати повеќе средства за мобилни апликации од корисниците на Android смартфони. Просечно, Apple добивала по 5,08 долари од еден корисник на iPhone во првиот квартал, додека приходот за Google Play е 0,47 долари.

Статистиката исто така покажува дека за последните четири години приходите на Apple од App Store се зголемиле за 119 отсто, додека за истиот период продажбата во Google Play се зголемиле за 14 отсто како вредност.

Во првиот квартал од оваа година, едно преземање на апликација за iPhone од App Store му носи на Apple во просек 0,44 долари. Истата метрика за Google Play е 0,10 долари, според Morgan Stanley Research.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.