x

Тужба против Apple за кражба на технологијата кај iPhone уредите!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Август, 2019 од GSM.mk

Во 2017-та, Apple доби тужба од компанијата Corephotonics. Неколку години подоцна, ситуацијата се повтори..

Израелската фирма Corephotonics подигна тужба против Apple за крадење на технологија без лиценца во врска со камерите кај iPhone 7 Plus и 8 Plus. Оваа среда, компанијата подигна нова тужба прекрши 10 од нејзините патенти кај дуалниот систем камери на iPhone уредите - iPhone X, XS и XS Max. 

Имено, Apple имал состанок со Corephotonics за дискутирање на можен договор и лиценца во врска со технологијата кај дуалните камери. Технологијата вклучува оптичко зумирање, телефото леќа и софтвер кој комбинира фотографии направени со двете селфи камери. 

Останува да видиме како ќе заврши ситуацијата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.