x

Тужба против Apple за нелегално коцкање!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Април, 2021 од GSM.mk

Нов ден, нова тужба против Apple...

Иако компанијата имаше голема кампања во 2018-та за чистење на App Store од штетни апликации, која избриша повеќе од 25.000 кинески апликации за нелегално коцкање, проблемот сеуште постои.

Сега, против компанијата повторно била дигната тужба во Америка од луѓе познати под имињата Joshua McDonald и Michael Helsel кои изгубиле голема сума на пари преку апликација за коцкање од App Store. Тие го тужат Apple за "промовирање на нелегално коцкање, додека профитираат од истите кога некој ќе изгуби пари". Конкретните апликации за кој станува збор во оваа тужба се креирани од DoubleU Games Co., Ltd.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.