x

Тужба против Facebook од 5 милијарди долари!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јули, 2019 од GSM.mk

По големиот број сканадли, изгледа дека Apple конечно ќе ја плати казната за нелегалното споделување персонални информации на своите корисници..

Според новите информации, Facebook ќе треба да плати казна од 5 милиајрди долари за нелегалното споделување персонални информации на своите корисници. Се разбира, во иднина на социјалната мрежа нема да и биде дозволено повторно да го направи истото.

Минатата година беше откриено дека Facebook ги има користено персоналните информации на повеќе од 10 милиони корисници, без нивна дозвола. Руско-американски професор на Cambridge универзитетот користел апликација со која и помогнал на социјалната мрежа во собирањето информации. Потоа, истите информации биле продадени на Cambridge Analytica, компанија која работела со поранешниот советник на Трамп. Целта била со нивна помош да се креираат профили кои ќе и помогнат на Трамп кампањата да знае на кои области треба да посвети повеќе време и пари при гласањето. 

Иако 5 милијарди се многу пари, сепак за социјална мрежа со популарност како Facebook, плаќањето на ваква цена и не е толку страшно.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.