x

Уредите на Apple наскоро ќе се полнат на соларна енергија?

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Февруари, 2013 од Христијан Илиески

Државите, компаниите па и поединците се повеќе се стремат кон наоѓање на нов извор на енергија

Apple во во својот нов центар кој моментално е во изградба 60% од енергијата ќе ја добива преку  сонцето од панели кои ќе бидат поставени на огромна површина.

Но нај интересното е што Apple се стреми и кон тоа своите следни уреди да ги полни со помош на сончевата светлина. Имено, во текот на вчерашниот ден, компанијата регистрирала патент со кој би се полнеле уредите iPod, iPhone и iPad. Сликите од патентот прикажуваат една многу интересна работа, односно соларните панели истовремено служат и како екран на допир, па така уредот би се полнел преку целиот екран.

Ова би било голема иновација од Apple, сепак, останува само да почекаме и да видиме дали ќе стане реалност.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.