x

V50 ThinQ 5G: Практичното решение на LG за голем дисплеј кој не се витка!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Мај, 2019 од GSM.mk

Доколку сте во потрага по одличен гејмерски телефон со голем екран, кој не се превиткува, LG го има решението за вас:

Имено, V50 ThinQ е произведен да понуди многу повеќе од 5G технологија. Она што го прави уникатен е додатокот наречен LG Dual Screen. Наместо да претстави комплекесен уред со висока цена и дисплеј на виткање, LG ви овозможува да го зголемите дисплејот со додавање на втор панел по потреба. 

Компанијата тврди дека ги нуди сите карактеристики како останатите телефони на виткање, но на многу попрактичен начин. Како што може да видите од видеото, имањето на два екрани може да биде многу корисно. LG го потврди ова со 90-те сценарија во 20 категории каде два екрани би биле од голема корист.

Инаку, самиот дисплеј е 6.4 инчен, со резолуција од 1440x3120 пиксели, 19.5:9 сооднос и заштитен од Corning Gorilla Glass 5.

Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 855, заедно со 6 GB RAM и 128GB меморија. Следејќи ги модерните трендови, на задната страна се наоѓа систем од три камери. Станува збор за два 12 мегапикселни сензори и трета камера од 16 мегапиксели. На предната страна, има две камери, од 8 и 5 мегапиксели. Работи на батерија од 4000 mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.