x

Vader Immortal ве носи во виртуелната реалност заедно со Дарт Вејдер

Категорија: Забава Објавено на 02 Октомври, 2018 од GSM.mk

Пред неколку години беше најавено дека Дарт Вејдер ќе ја има главната улога во серијал кој целосно ќе се случува во виртуелна реалност, а денеска првиот тизер за „Vader Immortal“ веќе се појави на интернет.

„Vader Immortal“ е серијал од три епизоди специјално наменет за Oculus Quest – новиот сет за виртуелна реалност на Facebook. Уште не знаеме за каква мисија се работи и каква ќе биде вашата интеракција со Дарт Вејдер во оваа игра, а тоа веројатно ќе го дознаеме наредниот месец кога би требало да излезе целосниот трејлер.

Сценариото за секоја од трите епизоди го напиша Дејвид С. Гојер, кој е познат по работата на филмови како „Dark Knight“, „Man of Steel“ и „Dark City“.

Сетот Oculus Quest чини 400 долари и од Facebook е најавен како „следниот чекор во револуцијата на виртуелна реалност“. Првата епизода од овој серијал ќе се појави на Oculus Quest некаде во почетокот на 2019 година.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.