x

Verizon ги продава Yahoo и AOL за пет милијарди долари

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 06 Мај, 2021 од GSM.mk

Американскиот телекомуникациски џин Verizon Communications најави продажба на дел од медиумското работење, вклучувајќи ги брендовите Yahoo и AOL, за пет милијарди долари, сигнализарјќи излез од скапата и неуспешна трка во светот на медиумите и огласувањето.

Во последните децении, Verizon потроши милијарди долари купувајќи стабилни интернет брендови, но не успеа да се наметне во жестоката конкуренција на пазарот на интернет огласување на кој доминираат Facebook и Google.

Verizon ги купи Yahoo и AOL во 2017 година за девет милијарди долари. Веќе неколку години наназад, Verizon продава делови од медиумското работење, вклучувајќи ги Tumblr во 2019 и HuffPost во 2020 година.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.