x

Viber: Првата апликација која ќе овозможи група со капацитет од 1 милијарда членови!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 26 Ноември, 2018 од GSM.mk

Со најавувањето на Viber Communities, Viber планира да претстави интересна опција за своите корисници...

Со најавувањето на новата функција, Viber тврди дека ќе биде првата апликација во светот која ќе овозможи создавање на група со 1 милијарда членови. Сеуште не сме сигурни како би функционирала ваква група, но функцијата ќе биде достапна за оние на кои би им била потребна.

Секој Viber корисник ќе може да создаде заедница со милијарда членови, која може да се користи за различни причини - како фан клуб, за патување, спорт, гејмање и слично. За разлика од обичен разговор, Viber заедниците имаат неколку специјални карактеристики.

  • Неограничен број на членови
  • Придружување со само еден клик
  • Целосна историја на разговорот - новите членови ќе може да го читаат целиот разговор, дури и историјата пред да се приклучат
  • "Pinned" пораки - админите на групата ќе може да "прикачуваат" значајни пораки во горниот дел од разговорот, за сите да може да ги видат
Доколку имате Android или iOS уред, Viber Communities функцијата би требало да е веќе достапна со новиот update на Viber.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.