x

Видео: Човек гризнал iPhone батерија со што предизвикал да експлодира!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Јануари, 2018 од GSM.mk

Веројатно мислите дека станува збор за лажна приказна. За среќа (или за жал), на видео снимката од продавницата се забележува целата ситуација..

Човек одлучил да ја замени својата iPhone батерија во Кина. Бидејќи не бил сигурен дали станува збор за оригинална батерија, решил да ја гризне за да провери. Според неговата изјава, луѓето обично гризнуваат монети за да проверат дали се вистински, па решил дека истото може да го направи и на iPhone батерија. 


За среќа, и покрај тоа што имало голем број луѓе околу инциднетот, никој не бил повреден. По видеото, се надеваме дека не мора да ве советуваме дека гризнувањето на вашата iPhone батерија не е најдобра идеја.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.