x

Видео: Додаток за 2019 Apple iPhone кој нема да ви се допадне!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Јуни, 2019 од GSM.mk

Поради непознати причини, и Apple и Google одбраа необичен дизајн за своите следни смартфони, кој дефинитивно не им се допаѓа на голем дел од корисниците...

Веќе некое време гледаме фотографии од новоочекуваните iPhone модели. На нив, една од најзабележливите промени во дизајнот е на задната страна. Оваа година, Apple се реши за нов изглед на камерите. Станува збор за систем од три камери кои ќе бидат сместени во форма на квадрат во горниот лев агол.


За жал на оние кои не им се допаѓа, изгледа дека сепак токму ова е дизајнот кој го одбра Apple за своите уреди. На новото видео кое се појави се забележуваат маски за моделите кои имаат токму таков отвор за камерите на задниот дел. iPhone 11R ќе има 12 мегапикселна главна и 12 мегапикселна телефото камера со 2x оптички зум. Од друга страна, iPhone 11 и 11 Max ќе ги имаат истите сензори плус трета 12 мегапикселна широкоаголна камера со OIS. На предната страна ќе се наоѓа камера од 12 мегапиксели со подобрена Face ID технологија.

The 2019 Apple iPhone camera protectors are now available for pre-order at MobileFun


Како и секоја година, iPhone 11 серијата ја очекуваме во септември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.