x

Видео и нови фотографии од високиот Sony Xperia XA3!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Февруари, 2019 од GSM.mk

По низа просечни смартфони, Sony оваа година планира да претстави уред кој ќе нуди голем број интересни карактеристики, како и уникатен дизајн..

Станува збор за Xperia XA3, кој ќе доаѓа со неверојатно висок дисплеј со 21:9 сооднос. Покрај високиот панел, на предната страна ќе се наоѓаат минимални рамки од страните, но малку подебела рамка од горната страна, наменета за селфи камерата и звучникот, како и подебела долна рамка. Ваквиот дизајн се забележува и во новото видео на DroidHolic. 

The baby seems impressed, that's a good sign for Sony!

Имено, видеото ги потврдува речиси сите карактеристики кои ги слушавме досега за смартфонот, како и дизајнот кој го гледавме на фотографиите. 

A glance at the back of the device showing the two cameras in a horizontal formation

За жал, во поголемиот дел од видеото на XA3 е пуштена апликација со подебела рамка на долната страна, најверојатно која не е наменета за толку висок панел, и не можеме да видиме како навистина изгледа и работи дисплејот. Но, кога екранот е исклучен, на долната страна има помала рамка. Како и да е, дизајнот е дефинитивно интересен и уникатен избор на Sony.

Во однос на другите спецификации, Xperia XA3 ќе доаѓа со Snapdragon 660, 4GB RAM и 64GB меморија. На задната страна ќе има две камери.

Официјалното најавување е закажано за време на MWC 2019 настанот.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.