x

Видео: Како до најдобри портрети со iPhone XS и iPhone XR?

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Февруари, 2019 од GSM.mk

Сопствениците на Apple iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR имаат голем број можности и опции за контролирање на bokeh ефектот. Во новата реклама на Apple, компанијата реши на кратко да ги појасни овие опции:

Depth Control е токму темата која е опфатена во новата реклама на Apple за новите iPhone модели. Со контрола на bokeh ефекетот, корисниците можат да го менуваат нивото на "замагленост" на позадината, како и острината на предметите кои се во фокус.

Станува збор за кратко видео од 30 секунди, кое е снимано во Њу Јорк. Кога е замаглена позадината, јасно може да го видите предметот во фокус. Од друга страна, кога позадината е остра, сите активности кои се случуваат во неа се главниот фокус, додека предметот во средина не е толку забележлив. 

Видеото може да го погледнете тука:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.