x

Видео: Како ќе работи камерата на лизгање на Xiaomi Mi Mix 3

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Септември, 2018 од GSM.mk

Иако Xiaomi Mi Mix 3 го очекуваме дури во октомври, веќе се појавија спецификации и фотографии од неговиот изглед и дизајн. Последно, станува збор за кратко видео повразно со неговите камери..

Дали Xiaomi Mi Mix 3 ќе биде првиот 5G телефон?  Lin Ben, извршниот директор на компанијата, сподели фотографија од очекуваниот уред, на која во горниот десен агол се забележува 5G знакот. 

Бидејќи Mi Mix 3 го очекуваме во октомври, изгледа неверојатно навистина да биде првиот уред со 5G, бидејќи според последните информации, таков уред прв пат ќе видиме дури во 2019 година.

Како и да е, доколку сте возбудени за новиот смартфон на Xiaomi, деновиве се појави кратко видео на YouTube кое покажува како ќе работи неговата камера на лизгање. Видеото првично беше споделено на Weibo, а потоа и на останатите страни. Mi Mix 3 навистина изгледа привлечно, со големиот дисплеј и речиси невидливите рамки, но новиот механизам на камерите најверојатно нема да им се допадне на сите. 


Кое е вашето мислење? Како ви звучи селфи камера на лизгање?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.