x

Видео: Новиот Apple iPad mini лесно се витка, но не се крши!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 07 Април, 2019 од GSM.mk

Со почетна цена од 400 долари, новиот iPad Mini е таблет од средната класа со просечни перформанси и солиден дизајн. Но, колку е навистина издржлив?

Иако новиот iPad Mini не е многу подебел од iPad Pro, неговата компактна конструкција и минималистички дизајн дефинитивно придонесуваат кон неговата издржливост. Благодарение на добро познатиот јутјубер Zack Nelson од JerryRigEverything, кој успеа целосно да го уништи iPad Pro 11 (2018) во неколку чекори, сега ги имаме тестирањата и на iPad Mini (2019).

Преку неговите стандрадни тестови со виткање, палење, гребење и кршење, Zack ја тестираше издржливоста на таблет. Од видеото, може да забележиме дека уредот ленсо се витка, но не се крши толку лесно. Целосното тестирање може да го погледнете тука:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.