x

Видео од Huawei P30: Вака ќе изгледа новиот телефон на компанијата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Март, 2019 од GSM.mk

Иако Huawei неодамна претстави неколку возбудливи уреди, меѓу кои беше и новиот смартфон со дисплеј на преклоп, компанијата има еднакво возбудливи планови и за во иднина...

Станува збор за новиот смартфон на компанијата која ќе биде претставен на 26 март. Деновиве се појави видео од уредот на Facebook, познат како P30, кои ги откриваат неговите најинтересни детали, без да го откријат целосниот дизајн се разбира.

Од видеото може да забележиме дека смартфонот ќе доаѓа со стаклена конструкција, слична како онаа на Mate 20. Потоа, има една кратка снимка од месечината, која веројатно ја промовира камерата со 10x зум со која ќе доаѓа. Истотака, уредот ќе доаѓа и со нови звучници, кои ветуваат подобар и поквалитетен звук. 

Видеото завршува со боите во кои ќе доаѓа - една од нив ќе биде сина, друга виолетова и третата класично црна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.