x

Видео: Отклучување на OnePlus 6 со испринтана фотографија

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 31 Мај, 2018 од GSM.mk

Твитер корисникот @rikvduijn решил да ја провери релевантноста на Face ID опцијата на негоивот нов OnePlus 6 и да го сподели искуството на Twitter.. Резултатите се интересни:

@rikvduijn споделил видео на твитер каде се обидува да го отклучи OnePlus 6 со испринтана фотографија од неговото лице. Најлошото од се? Покрај тоа што обидот бил успешен, методот наводно успева и со црно-бела фотографија. 

Откако видеото се прослави, OnePlus ја даде следната изјава: "Ние ја дизајниравме Face Unlock опцијата како практичен и лесен начин за отклучување на вашиот смартфон и иако ги преземавме соодветните мерки да ја оптимизираме нејзината безбедност, препорачуваме да користите лозинка за поголема заштитеност. Токму поради тоа, отклучувањето со лице не е овозможено со одредени апликации, поврзани со банкарство и плаќања. Постојано се обидуваме да ја подобриме нашата технологија, вклучувајќи и Face Unlock опцијата." 

Видеото може да го погледнете тука. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.