x

Видео: Вака ќе изгледа Motorola RAZR (2019)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Февруари, 2019 од GSM.mk

Една од највозбудливите приказни во светот на телефоните е враќањето на Motorola RAZR на пазарот оваа година. Па, како ќе изгледа уред на преклопување во 2019 година?

Новата верзија на RAZR ќе биде Android уред на преклопување кој ќе го задржи оригиналниот и добропознат дизајн на легендарниот телефон. Можеме да забележиме мал надворешен екран, а кога уредот ќе се отври, се наоѓа втор, голем екран на допир.

Главната камера се наоѓа веднаш под надворешниот дисплеј, а кога телефонот ќе се затвори, истовремено служи и како селфи камера. На задната страна е Motorola логото, кое истовремено служи и како скенер за отпечатоци. 


Според The Wall Street Journal, Motorola RAZR ќе биде достапен во ограничени количини и неговата цена ќе биде околу 1,500 долари. Дали би биле заинтересирани во телефон на преклопување?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.