x

Видео: Xiaomi Mi 8 доаѓа со скенер за отпечатоци под дисплејот?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Мај, 2018 од GSM.mk

На weibo се појави интересно видео од Xiaomi Mi 8 кое покажува дел од неговите функции..

Токму така, Xiaomi ќе премине од Mi 6 директно на Mi 8, според новите гласини. Уредот ќе доаѓа со Face ID, слично како iPhone X и ќе работи на Snapdragon 845. Процесорот ќе биде придружен од 8GB RAM и 64GB меморија. Ќе работи на батерија од 4000mAh. Иако видеото е само 3 секунди, се забележува дека телефонот доаѓа со скенер за отпечатоци вметна под дисплејот. 

Xiaomi очекуваме да го претстави Mi 8 до крај на месецот, а неговата цена сеуште не е позната. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.