x

Видеоиграта Valorant пристигнува на 2 јуни

Категорија: Забава Објавено на 23 Мај, 2020 од GSM.mk

Гејмерите со нетрпение ја очекуваат новата игра на Riot – Valorant, која ќе биде достапна од 2 јуни.

Valorant ќе биде бесплатна за PC во поголемиот дел од светот. Станува збор за игра која ги спојува елементите од игрите Overwatch и Counter-Strike. Ова е првата поголема игра на Riot од појавувањето на League of Legends oд пред 10 години.

Гласините се дека ќе има нови модови, карактери и мапи, а ќе имаат и нови сервери во Атланта, Далас, Лондон, Мадрид и Варшава, пишува The Verge.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.