x

Висок и мистериозен: Нови фотографии од Sony Xperia 20!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Мај, 2019 од GSM.mk

Сеуште не е јасно со какви точно промени ќе доаѓа новата Xperia 20 серија во однос на Xperia 10 уредите, но новите фотографии откриваат неколку интересни информации за дизајнот..

Додека другите компании се обидуваат да претстават смартфони со голем дисплеј и што потенки рамки, Sony сеуште задржува дизајн кој е малку поризичен и традиционален.

Xperia 20 ќе има поголем дисплеј, со 21:9 сооднос, но сеуште подебели рамки околу него. Од останти спецификации, во внатрешноста најверојатно ќе се наоѓа поголема батерија, ќе има дуален систем камери и софтверски подобрувања.

Во однос на процесорот, очекуваме подобрување од Snapdragon 630 на друг процесор од 600 серијата или пак дури, некој Snapdragon 7xx процесор.

Повеќе информации за Xperia 20 уредите очекуваме наскоро.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.