x

Vivo го претстави првиот телефон со две камери на лизгање!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Септември, 2019 од GSM.mk

Со цел да креираат што е можно поголем тело-дисплеј сооднос, компаниите започнаа да претставуваат нов систем камери на лизгање. Vivo веќе претстави еден ваков уред, а сега ја подобри оваа технологија уште повеќе...

Како ви звучи системот од две селфи камери на лизгање? 

Vivo претстави токму ваков уред. Новиот смартфон на компанијата доаѓа со еден селфи сензор од 32 мегапиксели и втор широкоаголен сензор од 8 мегапиксели. Овие камери се придружени и од LED блиц за ноќни селфиња. 

Фотографските способности на задната страна истотака не се лоши. Станува збор за систем од четири камери. Од нив, главниот е со 48 мегапиксели, вториот е 13 мегапикселен, третиот е 8 мегапикселен и четвртиот е 2 мегапикселен за bokeh фотогграфии. 

Од останатите спецификации, работи на Snapdragon 675 со 8GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е 4100mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.