x

Внимание: Не го инсталирајте WhatsApp во розева боја

Категорија: Занимливости Објавено на 20 Април, 2021 од GSM.mk

WhatsApp корисниците пријавуваат дека добиваат измамнички пораки за инсталирање на нова верзија на WhatsApp во розева боја, која содржи нови опции. Доколку добиете ваква порака, ни случајно не кликајте на неа.

Не постои нова верзија на WhatsApp, туку се работи за вирус кој се шири на WhatsApp преку групите и споделува APK линк за инсталација на аплиакција. Не кликајте и не ја инсталирајте, затоа што ќе го изгубите целосниот пристап до вашиот телефон.

WhatsApp 2 e класичен малвер кој се претставува како легитимна апликација.

Да потсетиме, апликациите треба да ги инсталирате само од официјалните продавници на Google и Apple, односно да ги користите Play Store и AppStore. Избегнувајте инсталација на апликации од непроверени сајтови, бидејќи малициозните апликации го компромитираат телефонот за да ги украдат личните податоци на корисниците.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.