x

Внимателно: Експлозии на iPhone X уреди при инсталирање на iOS 12.1!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 15 Ноември, 2018 од GSM.mk

Неколку корисници забележале "мал проблем" со своите iPhone X уреди при инсталирање на новиот update...

Rahel Mohamad, iPhone X корисник од Америка, пред недела дена ја известил компанијата дека неговиот уред експлодирал при инсталирање на iOS 12.1. Според Mohamad, неговиот телефон бил во процес на инсталирање и истовремено приклучен на полнач. Одеднаш започнал да излегува сив чад од уредот. Експлозијата се случила откако завршило инсталирањето. Mohamad напоменал дека го користел оригиналниот Apple кабел за полнење. 

По жалбата на Mohamad, компанијата одговорила преку својот официјален твитер, @AppleSupport, дека станува збор за "невообичаен и уникатен настан". Разговрот потоа продолжил преку пораки. 

Интересно е што откако Apple Support вратил на жалбата на Mohamad и друг корисник го пријавил истиот проблем. Повторно, разговорот продолжил преку директните пораки. 

И покрај тоа што станува збор само за две незгоди, би им препорачале на iPhone X корисниците сеуште да не го инсталираат update-тот, барем додека не се појави официјална изјава од Apple дека се е во ред.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.