x

Внимавајте: Се шири најопасниот Android вирус досега!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 27 Август, 2014 од GSM.mk

Познати весници како New York Times ги предупредуваат читателите да бидат екстремно внимателни, бидејќи во јавноста се појави нов и опасен вид на вирус за Android оперативниот систем. Да погледнеме за што станува збор...

Вирусот има потекло од Windows оперативниот систем, каде што најчесто е познат под името CryptoLocker.  Вирусот (наречен ransomware) се инсталира на вашиот компјутер, ги енкриптира сите ваши податоци и потоа бара одредена сума на пари (откуп) за да ги добиете назад. Бидејќи станува збор за енкрипција, дури и да го преинсталирате оперативниот систем и да го ставите хард-дискот на друг компјутер, нема да ви помогне во отстранување или премостување на истата.

Овој месец, слична верзија се појави и за мобилните уреди со Android оперативен систем. Според статистиките, над 30,000 уреди веќе се заразени со овој вид на вирус. Мобилната верзија е малку поинаква, со тоа што на екранот ви се појавува порака дека „го кршите законот и заради тоа телефонот ви е заклучен“, па морате да платите неколку стотици долари за да добиете пристап до него.

Она што загрижува е дека не морате да симнете или инсталирате апликација за да бидете заразени. Вирусот влегува директно преку посетување на веб-страна, така што постои голема опасност да бидете заразени без воопшто да го знаете тоа.

Иако вашиот телефон е заклучен, сепак хакерот (сопственикот на вирусот) има пристап до вашиот уред и може да ги прегледува сите содржини, да прави повици или да праќа пораки. Засега нема проверено решение, така што внимавајте кои веб-страни ги посетувате, немојте да им давате администраторски привилегии на апликациите и направете си бекап на вашиот компјутер.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.