x

Во кои бои ќе биде достапна Galaxy Note 20 серијата?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 29 Мај, 2020 од GSM.mk

Оваа година, Samsung одбра покласични бои за новата Note 20 серија..

Како и претходната година, и овој пат ќе бидат достапни два модели - Note 20 и Note 20+. Почнувајќи од помалиот, Note 20 ќе биде достапен во само три бои. Како за споредба, Note 10 беше достапен во пет нијанси - Aura Glow, Aura Black, Aura White, Aura Red и Aura Pink. Од нив Note 20 ќе ја позајми само црната нијанса, а ќе биде достапен во уште две нови бои - зелена и бакарна.

Слично на него, и Note 20+ ќе биде достапен во помалку бои. Додека Note 10 доаѓа во четири бои (Aura Glow, Aura Black, Aura White и Aura Blue, Note 20+ ќе биде достапен во црна и бакарна нијанса.

Претставувањето на Note 20 серијата ќе биде во август.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.