x

Вработените во Google протестираат поради односот кон жените во компанијата

Категорија: Занимливости Објавено на 02 Ноември, 2018 од GSM.mk

Вработените во Google низ светот денеска ги напуштија канцелариите во знак на незадоволство поради односот на компанијата кон жените.

Стотина вработени во Google излегоа на улиците во Лондон, Цирих, Токио, Берлин, Сингапур и други градови. Истакнуваат дека компанијата благо реагирала кон некои нивни шефови обвинети за сексуално вознемирување, пренесува BBC.

„Ги разбирам лутината и разочарувањето кои многумина од вас ги чувствуваат. Сметам дека тоа е во ред и целосно сум посветен на создавање напредок во надминување на проблемот во нашето општество, па и овде во Google“, изјави извршниот директор Сандар Пичаи.

Денешните протести се наречени „Излези за вистинска промена“, а вработените порачуваат дека Google мора да биде потранспарентен кога станува збор за сексуалното вознемирување.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.