x

Враќање на гигантот: Xbox конзолите рушат рекорди

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 29 Јануари, 2021 од GSM.mk

Microsoft бележи пораст на заработката за дури 51 процент, односно 5 милијарди долари заработка, што е нов рекорд благодарение на Xbox конзолите.

Xbox Game Pass од 15 милиони порасна на 18 милиони претплатници, додека Xbox Live исто така има 100 милиони корисници.

Побарувачката за новите конзоли Xbox Series X и Xbox Series S е исто така голема.

Со пристигнувањето на новата генерација, продажбата на хардвер е зголемена за 86% за разлика од порано, што доведе до рекордна заработка благодарение на конзолите. Побарувачката е голема, но од Microsoft планираат да пуштат поголем број конзоли во продажба по 1 април.

Оваа година ќе биде успешна за Microsоft и брендот Xbox, а во план се да направат и околу 30 нови Xbox видеоигри. Microsoft планира во наредниот период да забележи раст од дури 40%.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.