x

Време е за нова сезона: Konami објави трејлер за „PES 2020“

Категорија: Забава Објавено на 23 Јуни, 2019 од GSM.mk

Минатиот петок на конвенцијата EA Play 2019 имавме шанса за првпат да видиме како изгледа новата „FIFA 2020“, а сега нови вести пристигнуваат и од Konami, во вид на прв трејлер за „Pro Evolution Soccer 2020“.

Во трејлерот можете да ги видите Лионел Меси, Андрес Иниеста и Роналдињо како зборуваат за фудбалот од нивна гледна точка. Помеѓу најавите за новата видеоигра се новите механики за движење на играчите, физиката на топката, како и некои дополнителни технички подобрувања.

Помеѓу најавите е и редизајн на Master League – еден од најпопуларните модови за играње на „Pro Evolution Soccer“ во текот на изминатите десетина години.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.