x

Втора година по ред: Huawei со поголема продажба на смартфони од Apple

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Ноември, 2018 од GSM.mk

И покрај "глобалната рецесија" на продажбата на смартфоните, Huawei полека, но сигурно се искачува на врвот..

Според новите извештати, продажбата на смартфони и оваа година е смалена, за 6 до 8% во однос на минатата година. Ова е веќе четврта година како продажба е помала од претходната, а маркетинг истражувачети се сомневаат работите ќе се променат во блиска иднина. 

Но, не сите големи компании страдаат од ваквите бројки. Всушност, продажбата на Huawei и Xiaomi од година во година е се поголема. Токму поради тоа, Huawei успеа втора година по ред да го надмине Apple во продажбата на смартфони, со разлика од 5 милиони единици за периодот од јули до септември. 

Huawei beats Apple again for second place in global smartphone shipments, as Samsung struggles


На прво место сеуште се наоѓа Samsung, но со полоши резултати од минатата година. Зборуваме за масовно опаѓање од 13% од година во година, како и пад од 22% на 20% на пазарен удел. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.