x

W2019: Samsung ја претстави премиум верзијата од телефонот на преклопување!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Ноември, 2018 од GSM.mk

Samsung официјално ја претстави премиум верзијата од W2019 - телефонот на преклопување. Да погледнеме што нуди:

За цена од 2,732 долари, W2019 доаѓа со Snapdragon 845, 6GB RAM и 128GB/256GB меморија. Работи на батерија од 3070mAh и Android 8.1 Oreo.

Има два екрани, еден од надворешната и друг во внатрешната страна. Станува збор за 4.2 инчни Super AMOLED панели со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. 

Како и кај повеќето модерни смартфони, на задната страна се наоѓаат две камери, од 12 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци се наоѓа од страна. 

Претпродажбата е веќе започната. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.