x

Walkman се врати, но не очекувајте да пуштате касети на него

Категорија: Занимливости Објавено на 14 Септември, 2019 од GSM.mk

Факт е дека аудиокасетите одамна се излезени од мода и од употреба, но се очекуваше дека Sony во чест на 40-годишнината барем на кратко ќе го оживее стариот аудиоформат.

Тоа сепак не се случи и новиот модел не „пушта“ музика од лента.

Новиот NW-A100TPS Walkman се доближува до споменот за аудиокасетата само преку интерфејсот и скринсејверот, па како ги менувате песните, се менуваат и фотките на аудиокасети.


Освен музика од локалниот простор за складирање, корисниците ќе може преку WiFi конекција да бираат песни од омилениот стриминг сервис, а новиот модел функционира со помош на оперативен систем Android и на предната страна има лого што е дизајнирано специјално за 40-годишнината.

Кога уредот е затворен, односно е вклучен скринсејверот, за момент ќе ви се причини дека повторно е 1979 година, но тоа чувство на носталгија трае додека не го спуштите погледот на дисплејот.

Новиот Walkman трае до 26 часа со едно полнење, има 3,6-инчен дисплеј и 16GB простор за складирање.

Иако има порт за приклучување слушалки  -  за целосно винтиџ доживување – слушалките може да се поврзат и преку Bluetooth, што е поудобно за современиот слушател.

NW-A100TPS на европскиот пазар стигнува во ноември, по цена од 440 евра.

Еволуцијата на Walkman


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.