x

WhatsApp апликацијата исчезна од Play Store!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 12 Октомври, 2019 од GSM.mk

WhatsApp е една од најпопуларните апликации во светот. Но, деновиве се случи нешто чудно со неа...

Со своите сервиси кои ги нуди за пораки и зборување, WhatsApp е дефинитивно една од најсимнуваните и најкористени апликации за комуникација. Во моментот, Facebook е сопственик на WhatsApp. 

Додека WhatsApp е достапна и за iOS и за Android, деновиве Android корисниците наидоа на проблеми со неа. Поради непозната причина, апликацијата исчезна од Play Store. Единствените верзии кои се достапни се WhatsApp Business и Whats App Wallpapers. Истотака, корсниците забележуваат дека WhatsApp ја нема ниту на листата на симнати апликации.

Добрите вести се што компанијата даде изјава дека е свесна за проблемот и дека ќе го реши најбрзо што може. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.