x

WhatsApp престанува да работи на 43 модели на телефони

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 07 Септември, 2021 од GSM.mk

За само неколку месеци, сите овие уреди ќе ја изгубат поддршката за разговор и повикување на WhatsApp.

WhatsApp, кој неодамна беше казнет со висока казна за нарушување на приватноста на корисниците во Европа, официјално потврди дека апликацијата ќе престане да работи на бројни Android и iPhone уреди.

Една од најважните промени на WhatsApp направена досега ќе остави повеќе од 40 модели на телефони без оваа апликација веќе на 1 ноември, трајно, без можност за промена.

Од првиот ден од претпоследниот месец, корисниците на апликацијата WhatsApp на некои модели на телефони веќе нема да можат да испраќаат и примаат пораки, слики и видеа, да остваруваат и примаат повици, но и да освежуваат други содржини во апликацијата, бидејќи WhatsApp повеќе воопшто нема да ја поддржува апликацијата на постарите уреди.

Ова се однесува на сите телефони со Android 4.0.4 или постари, како и iPhone iOS 9 или постари.

Иако на многумина овие уреди изгледаат како историја, т.е. многу стари и би помислиле дека само мал број луѓе ги користат, во реалноста сликата е поинаква - овие телефони со Android најчесто ги користат постарите луѓе и се особено популарни во помалку развиените делови на светот, како Азија и Африка или Јужна Америка, каде што голем број од овие телефони сѐ уште се активни.

Телефоните на кои WhatsApp ќе престане да работи се:

  • Samsung: Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy S2, Galaxy S3, Galaxy S3 mini, Galaxy XCover 2, Galaxy Core и Galaxy Ace 2;
  • LG: Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact , Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD and 4X HD и Optimus F3Q;
  • ZTE: Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 и Grand Memo;
  • Huawei: G740, Mate, D Quad XL, D1 Quad XL, P1 S и D2;
  • Sony: Xperia Miro, Sony Xperia Neo L и Xperia Arc S;
  • Alcatel: One Touch Evo 7;
  • Apple: iPhone SE, iPhone 6s и iPhone 6s Plus.

Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.