x

WhatsApp стана центар за ширење на дезинформации за корона вирусот

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 26 Март, 2020 од GSM.mk

Апликацијата WhatsApp стана центар за дезинформации на интернет во период кога се шири заразата со коронавирусот, пишува CNN.

Властите во земјите ширум светот се обидуваат да им дадат точни информации на граѓаните за пандемијата и да не шират паника.

Постојано се одржуваат прес-конференции и се објавуваат нови податоци, но WhatsApp станува голем проблем.

Преку апликацијата се шират различни совети, односно дезинформации за заштита од вирусот, а еден од најчитаните е дека „на секои 15 минути треба да се пие топла вода бидејќи таа ќе го испере вирусот во желудникот а таму ќе го убие желудечната киселина“.

Во САД се шири совет дека граѓаните треба да ги наполнат подрумите со залихи од храна, по што Националниот штаб за безбедност ја демантираше оваа информација.

Во Шпанија се шири совет да се направи „гаргара од вода, сол и оцет“.

Овој проблем е присутен и во Хрватска каде што се шират пораки од „пријател на некој кој работи во болница“, или „брат на некој кој е вработен во државна институција“.

WhatsApp најави дека се бори против ширење на дезинформации. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.