x

Wikipedia конечно добива нов дизајн, погледнете како ќе изгледа

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Септември, 2020 од GSM.mk

Wikipedia e бесплатна онлајн енциклопедија што ја составуваат и ажурираат волонтери ширум светот, а хостирањето е на Wikimedia Foundation.

Wikipedia е неодвоив дел од нашата веб-култура речиси 20 години и ни овозможува пристап до милиони енциклопедиски поими со клик преку нашите компјутери, таблети и смартфони.

Сега, за првпат по една деценија, десктоп верзијата на Wikipedia ќе биде освежена и ќе добие редизајн.

Одлуката за редизајн била донесена со цел онлајн енциклопедијата да биде попристапна до новите корисници.

Некои од иновациите се посебното drop-down мени што би требало да го олесни коментирањето на написите. На левата страна ќе има ново, попристапно мени за менување на јазиците.

Се очекува да се сменат и димензиите на логото. Сите планирани иновации може да ги погледнете ТУКА.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.