x

Winamp наскоро може да се врати

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Декември, 2015 од GSM.mk

Минатата година AOL официјално го изгаси Winamp, популарниот медија плеер. Постоеја неколку обиди да се спаси сервисот, (вклучувајќи го и купувањето од компанијата Radionomy), а по најновиот потег на Vivendi, повторно се зборува за Winamp.

Vivendi купи две третини од акциите на Radionomy, со што стана мнозински акционер, и тоа може да биде нова шанса за Winamp.

Оваа компанија сега поседува 64,4 проценти од акциите на Radionomy, која го купи Winamp во 2014 година. Radionomy е европски онлајн радио сервис кој покрај Winamp ги поседува и Shoutcast и Targetspot сервисите.

Засега нема информации за тоа колку Vivendi ќе вложи во оваа компанија, ниту пак дали ќе го рестартува Winamp. Засега има шпекулации за тоа дека дел од плановите на Vivendi се враќање на популарниот плеер, а повеќе информации може да очекуваме во следниот период.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.