x

Windows 10 October Update е повторно достапен за преземање

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 15 Ноември, 2018 од GSM.mk

Компанијата Microsoft имаше проблеми со нивниот октомвриски апдејт за Windows 10, па реши да го повлече и да поработи на баговите кои се појавуваа кај него. Денеска беше објавено дека Windows 10 October Update е прочистен од багови и подготвен за преземање

Голем број корисници на Windows 10 пријавија дека им недостасувале некои податоци откако го инсталирале апдејтот на почетокот на октомври, а на екипата од Microsoft ѝ требаше нешто повеќе од еден месец за да ги реши проблемите со багови и во потполност да го тестира новиот апдејт пред повторно да го направи достапен.

„Освен деталните интерни промени, пративме и повратни информации до нашите Windows Insiders и до милионите уреди кои го користат Windows 10 October Update. Утврдивме дека нема докази за губење на податоци, па сега апдејтот е повторно достапен за преземање“, изјави еден од директорите на Microsoft, Џон Кејбл.

Windows 10 October Update е достапен за преземање преку Windows Update.

Microsoft и претходно имаше проблеми со апдејтите на Windows кога се појавуваше „синиот екран на смртта“, а потоа мораше да се реши проблемот со замрзнување на десктопот и Chrome кога апдејтот веќе беше инсталиран на повеќе од 600 милиони уреди.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.